Јас сум Моника Крстеска,
лиценциран психолог и сертифициран тренер за личен развој.
Кога би ме прашале кое е моето место во светот, би рекла дека тука сум за да им помогнам на другите да ги надминат тешкотиите и да го разбудат својот внатрешен потенцијал.
Уште во моите студентски денови на медицина, вниманието ми го одвлече психологијата и мистичноста на животот. Од тогаш па до денес, жедна сум за учење и истражување. Уште од најмала возраст се заљубив во магичноста и мистериозноста на животот, умот и духот. Често се прашував дали човек може да го контролира својот ум и реалноста да ја создаде според свои принципи. Тоа си го докажав на самата себе со посветеност и дисциплина.
Поврзувањето на мислата, чувствата и дејствувањето ја градат индивидуата. Токму NLP е програмата која помага секоја личност да го променува своето дејствување и да го менува својот живот. NLP ни дава нов холистичко-системски пристап кој на нас, личните тренери, ни овозможува алатки и техники за водење и коучирање на индивидуалци и тимови на четири полиња: ментално, енергетско (емотивно поле), поле на телото и поле на душата.
Исто така, сум горд THETA HEALING инструктор, техника на која сум особено горда што ја познавам. Оваа техника е сеопфатна и работи на сите сегменти на една личност: ум, тело и свест.
Најсуштественото прашање е како човек да се извлече од проблемите кои ги има со цел да живее живот кој е полн и исполнет. Се разбира дека не може постојано радоста да се искуствува како емоција, но прифаќањето дека секоја емоција е потребна за растење и развој на индивидуалноста и автономноста е битно.
Она што го впива човек од надворешната средина влијае врз неговата духовна вредност и затоа често се чувствува како затворен во ѕид од кој нема излез. Магичноста на светот е на дофат на сечија дланка; доволно е само да посегнеме и животот може да го направиме бајка. Не верувате во бајки? И јас не верував, но сепак ја добив со помош на медитација и манифестација.
Сега сум исполнета жена, жена претприемач која има сопствен бизнис. Како го постигнав тоа? Самодовербата, духовниот мир и разговорите со себеси ме направија ова што сум. Медитацијата и манифестацијата ми го покажаа патот за откривање повеќе себеси и работа на својата сенка.
Сенката е онаа несвесна страна на личноста која е занемарена и содржи негативни програми од кои бегаме или препознавајќи ги кај другите ни стануваат одбивни и неподносливи. Јас сега знам дека сум важна единка во целиот универзум и дека постојам тука со цел. Целта е она што ме поттикнуваше уште повеќе да се откривам себеси. Таа цел беше чувството на емпатија и посакување да помагам на другите.
„Создај свет,чии канваси ќе ги обоиш онака како што ти сакаш.“
Верувам дека надворешниот свет е одраз на внатрешниот свет. Потенцијалот кој лежи во човек е често неразбуден. Меѓутоа, кога човек се буди, целата крута реалност ја сфаќа како нужен дел од него и се насмевнува со сознание дека може да ја промени.
Тука сум за тебе за да ти помогнам да ги откриеш своите духовни и умствени богатства и да ја отвориш вратата кон животот кој ќе биде онаков каков што посакуваш. Јас сум твојот life coach. Заедно можеме да создадеме нешто прекрасно, нешто возбудливо. Верувам во твоите способности.