Страв – Колку е моќен стравот?

Стравот е толку моќен што секогаш не носи онаму каде што не сакаме. Постојат различни стравови. Претераниот страв не носи до анксиозност, депресија и панични напади. Кога имаме страв, ние не сме во состојба да ги контролираме умот и емоциите.

Кај некои луѓе, стравот е толку силен што тие не се во состојба да ги извршуваат основните потреби ниту да го напуштат својот дом. Во тие моменти, во главата им се вртат најлоши сценарија, што дополнително ја зголемува нивната анксиозност.

Еве некои стравови:
  • Страв од болест
  • Страв од смрт
  • Страв од губиток на љубов
  • Страв од осаменост
  • Страв од критики
  • Страв од неуспех
  • Страв од сиромаштија
Страв

Позитивно во сето ова е тоа што стравовите многу лесно се отстрануваат.

Стратегии за справување со стравот:

  1. Побарајте помош на време – Не се срамете да се обратите за поддршка од пријатели, семејство или професионалци.
  2. Практикувајте техники за релаксација – Медитација, длабоко дишење и јога можат да помогнат во намалувањето на анксиозноста.
  3. Запишете ги своите стравови – Понекогаш, пишувањето на хартија може да помогне да ги ослободите своите мисли и да ги видите работите од поинаква перспектива.
  4. Соочете се со вашите стравови – Постепено изложување на вашите стравови може да помогне во нивното надминување.

Најлошо е доколку ги занемариме стравовите. Бидете претпазливи, освестете ги, а потоа соочете се со нив. Стравовите сами по себе нема да заминат!

Scroll to Top