
Кога една личност е во депресија, се чувствува како да е во црна дупка и нема излез од таму. Во тие тешки моменти често се запрашуваат како понатаму. Колку подолго трае оваа состојба, толку е потешко да се излезе од неа. Секој совет кој ќе го добијат од блиските и терапевтот сам по себе не звучи лошо, меѓутоа им звучи бесполезно. Сè им изгледа толку тешко и се чувствуваат дека немаат сила да ги променат работите, а самиот излез од таа состојба е сè подалеку. Сето тоа е последица на тоа што тие личности во тие тешки моменти заглавиле во негативни мисли.
Не очајувај! Има излез! Како што сме влегле во таа ситуација, така и ќе излеземе. Постојат алатки кои можат веднаш да влијаат на подобрување на депресивната состојба. Во продолжение ќе ги споделам со вас.
1. Прифати ја сегашната состојба!
Прифатете ја сегашната состојба во потполност без оглед колку е лоша. Прифатете го својот живот таков каков што е, дури и ако состојбата ви изгледа толку лоша и безизлезна. Престанете да се жалите и сожалувате. Сето ова можеби ви изгледа чудно, но во тој момент кога ќе ги прифатите работите такви какви што се, ќе престанете да се жалите. Болката постепено ќе почне да исчезнува со секоја наредна минута. На почетокот полека, меѓутоа потоа сè побрзо и побрзо, се додека не дојде до точка на нормалното.
2. Измачувачки мисли
Ако постојано ви се појавуваат измачувачки мисли кои постојано се враќаат и вртат во круг, а причина за тоа е тежок период од вашиот живот, пробајте да ги сопрете. Особено ноќе, кога треба да имате добар сон а не да се оптеретувате со истите лоши мисли.
Тешкото прашање: Како да ги запрам тие измачувачки мисли? Обидете се со следново:
- Навечер, пред да заспиете, пробајте да се концентрирате на вашето дишење (вдиши-издиши, вдиши-издиши). Доколку мислите се враќаат, и тоа е во ред; дозволете им да поминат и повторно сконцентрирајте се на вашето дишење. Може да вклучите и броење до десет (повторувајте додека мислите не застанат).
3. Позитивни вибрации
Во периодот кога ви е тешко, многу е битно да внесете позитивни вибрации. Кога сте во депресивна состојба, не ви е до ништо; колку и да е така, правете ведри работи па макар и да се туркате со сила.
Моја препорака:
- Медитација
- Добра музика
- Спорт
- Прошетки во природа
- Дружење со позитивни луѓе
4. Пронајди утеха во реченицата "Сè е минливо"
Низ животот се соочуваме со лоши, но и добри моменти; битно е да знаеме дека секоја состојба е менлива. Во лошите моменти сетете се дека пред да бидете во оваа состојба имало добри моменти. Како што сме влегле во оваа состојба со негативни мисли, тренирајќи да мислиме позитивно, ќе излеземе од оваа состојба. Станете свесни за своите мисли и какви чувства тие ви предизвикуваат; кога ќе ги освестите мислите, многу лесно ќе ги менувате со позитивни, а со самото тоа ви гарантирам среќен и успешен живот.
Успеав јас, можеш и ти!