Се што говориме и работиме е фреквенција на мозочните бранови. Постојат пет различни фреквенции на мозочните бранови: Бета, Тета, Алфа, Делта и Гама. Нашите мозочни бранови се менуваат како последица на постојаното работење на нашиот мозок, при што се произведуваат таласи на сите фреквенции. Во секој случај, една фреквенција ќе доминира.
Фреквенции на мозочните бранови


Тета состојба
Свесно одржувајќи ја оваа состојба, можете да остварите многу релаксирачка состојба. Во оваа состојба можете да остварите сè што ќе посакате.
- Тета е прва фаза на сонот.
- Тета е состојба која се користи при хипноза.
- Тета може да се смета за подсвест.
- Тета содржи сеќавања и впечатоци.
- Тета раководи со ставовите, верувањата и однесувањето.
- Тета е креативна, инспиративна и многу духовита.
- Тета ви овозможува да делувате на подсвеста.
Како да дојдеме до тета состојба?
Со практикување на медитација, ние лесно можеме да дојдеме до тета состојба на мозочните бранови. Штом нашите мозочни бранови се во тета, ние можеме да управуваме со подсвеста, односно да ги извадиме сите негативни програми, стравови и трауми. Со самото тоа ќе се справиме и со анксиозноста, депресијата и ограничувачките мисли и чувства.
По користењето на тета медитација, ние ќе почувствуваме длабоко смирение, релаксација, самоконтрола, исполнетост и среќа, и ќе бидеме спремни да го манифестираме животот кој од секогаш сме го посакувале.
Затоа ве предизвикувам да ја искусите оваа состојба, нека таа стане дел од вашето секојдневие. Единствено што треба да направите е да одвоите малку време и да се посветите на себе.
Тука сум да ви дадам насоки и поддршка и заедно да го изодиме патот кон вашето најдобро ЈАС.