Манифестација – Како може да ви помогне да ги остварите вашите сонови?

Зошто сè уште не можете да имате тоа што сакате и зошто вашите манифестации не успеваат?
Одговорот е јасен и едноставен.
Сè е последица на вашите чувства, мисли и зборови!

Низ нашиот живот се здобиваме со програми во нашата потсвест, наметнати од страна на нашите роднини и пријатели.
Ако се прашувате кое е најпогодно време за манифестација, одговорот е СЕГА.

Многу е битно да една личност освести какви негативни програми има во својата потсвест. Кога сме веќе свесни за нив, многу лесно можеме да ги замениме со позитивни програми и мисли.

Пример за негативни програми:
  • Јас не сум доволно добар/а
  • Јас не заслужувам…
  • Јас сум несреќен/на

Совршено време да тргнете на патот кон освестување и променување на своите мисли и чувства е токму сега. Време е да почнете себеси да си ги поставувате следниве прашања:

  1. Кога последен пат сте одвоиле време да размислите што сакате?
  2. Дали животот го живеете онака како што сакате?
  3. Кога би биле неограничени, што би доживеале?
  4. Кога би можеле да имате сè што ќе посакате, што би било тоа?
  5. Како ќе се чувствувате тогаш?

Манифестациите ќе се остварат тогаш кога ќе ги освестите чувствата како би се чувствувале кога би го имале тоа што го посакувате.

Доколку го читате ова и си ги поставивте прашањата, вие сте на вистинскиот пат. Тој пат ќе ве однесе до сè она што посакувате. Ништо во животот не е случајно, така не случајно го читате овој пост.

Тука сум да ве водам низ процесот кон ново и најдобро ЈАС, пат кој и јас сум го изодила. Верувајте во себе, не дозволувајте падовите да бидат ваша пречка, напротив, користете ги како лекции. Не се откажувајте и успехот ви е загарантиран.

Има една мисла која вели: “Ако мислиме дека не можеме, имаме право. Ако мислиме дека можеме, имаме право.”

Scroll to Top