Личен развој: Идеално време е да му се посветите на вистински начин

Летото помина и сезоната на годишни одмори за многу од нас заврши. Почнува времето на размислување за есенските промени кои ќе се случуваат секому, во помала или поголема мера. Децата ќе се вратат во школските клупи, студентите на факултетите, работниците на работните места, а градската гужва повторно завладува на улиците. Влегуваме во непрекинлив круг од секојдневни обврски кои често не се лесни, некогаш се и досадни, но во секој случај, тие се составен дел од животот и не можат да се избегнат.

Меѓутоа, многу луѓе баш сега размислуваат што можат да поправат, да напредуваат во кариерата или да постигнат духовен раст и развој. Без разлика каква промена сакаме да постигнеме — секогаш може да биде подобро. Баш поради тоа вреди да се посветите на вашиот раст и развој, кој подразбира усовршување во било кој дел од себе и усвојување на нови корисни вештини.

Што е потребно за личен раст и развој?

Не е важно кој дел од својот живот сакате да го унапредите — дали се тоа емоциите, мислите, однесувањето, професионалните вештини или нешто сосема друго. Најбитно е во вас да има желба за промена и напредок, тоа е првиот чекор кон личен раст и развој.

Сега следи прашањето: Дали сте свесни дека потребата за промени е тука? Каде да побарате мотивација и вистински одговори кои се во врска со вашиот развој? Ако ја имате оваа дилема, знајте дека одговорите лежат само во вас. Лесно можете да ги пронајдете. Потрудете се да ги следите патоказите кои следат и ќе бидат вашата навигација на патот кон нова верзија од вас.

За успешен личен развој потребни ви се одредени вештини. Некои од нив веќе ги имате, треба само да ги освестите и поставите на вистинско место, а до некои ќе стигнете тогаш кога ќе сфатите што сакате да постигнете или усовршите кај себе.

Личен развој

1. Почнете од своето време

Првиот чекор во секоја стратегија за личен раст и развој е да научите како најдобро да го искористите своето време. Запрашајте се и забележете што навистина сакате, што можете да остварите, колку време ви е потребно за остварување на тие цели и со што располагате во моментот. Прво и најбитно е да научите да располагате со своето време. Тоа е најважниот ресурс за вашиот личен развој.

2. Развивајте претприемачки начин на размислување

Секој може да има корист од учењето како да размислува како претприемач, без оглед на тоа со што се занимава. Претприемачите се иновативни, добро планираат и ги предвидуваат сите можни исходи. Вешти се во преговарање и поставување нови визии. Лесно се прилагодуваат на промените и лесно ги прифаќаат. Тоа е најважната лекција за развој на личноста.

Развивањето на претприемачки начин на размислување ќе ве научи како да се снаоѓате во непредвидени ситуации, а со тоа нема да им дозволите тие да ви го попречат патот кон целта.

3. Прифатете го начинот на размислување за раст

Ако прифатите еден начин за развивање и слепо се држите до него, можеби ќе пропуштите предизвици и шанси да напредувате на некои други животни полиња. Стравот од грешки и порази може да ве наведе да избегнете нови искуства кои се многу важни за вашиот живот. Меѓутоа, кога ќе усвоите размислување за раст и развој, ќе барате предизвици и ќе уживате во нив, при тоа ќе знаете дека со секоја пребродена препрека станувате подобра и посилна личност и сте поблиску до остварување на зацртаната цел. Луѓето кои го прифатиле доживотното учење се најуспешните, позадоволни и отворени за нови прилики, затоа што знаат дека само така ќе постигнат раст и развој на личноста.

4. Создајте механизам за самосмирување

Високото ниво на стрес е многу лошо за здравјето и самодовербата. Тоа многу често не спречува во остварување на нашите цели. Затоа многу е важно да научите како да се справувате со стресот и да останете смирени во одредени ситуации. Кога имате контрола над своите мисли, емоции и реакции, вашето тело и ум ќе бидат спремни да се носат со сите предизвици и стресови со кои се соочуваме во нашето секојдневие.

5. Дефинирајте ги своите лични вредности

Не секогаш е лесно да живеете во склад со своите вредности. Како прво и основно, секоја личност треба да биде свесна за своите вредности. Меѓутоа, ако не ги следите и поставувате на прво место, многу лесно можете да запливате во морето на туѓи желби и принципи. Еден ден ќе се разбудите и ќе сфатите дека не го живеете својот живот онака како што сте посакувале. Поради тоа е многу важно да ги дефинирате своите вредности и без оглед на сè, да останете во склад со нив.

6. Направете план за личен развој

Добар план за личен развој се фокусира на долгорочни цели и подразбира одредени прашања, од кои најважни се:

  • Кои вештини ќе ги изградиш?
  • Како ќе ги изградиш?
  • Зошто ќе ги усвоиш?
  • Кога и како ќе сфатиш дека владееш со тие вештини?

Потруди се да одговараш на овие прашања одреден период, сè додека не почувствуваш спремност за остварување на целта.

7. Истражувајте и усвојувајте нови опции за личен раст и развој

Колку повеќе истражувате и барате алатки за личен раст и развој, вашите вештини ќе станат разноврсни и квалитетни. Затоа отвори го патот кон нови знаења. Пробајте да ги развивате вашите умствени вештини. Препуштете се да се развивате во новото ЈАС, а вашиот живот ќе стане многу полесен и поисполнет.

Scroll to Top