Кога ќе почнеш да се бираш себеси — некои луѓе ќе се оттурнат

Повеќето луѓе не се губат себеси одеднаш. Не се будат едно утро и велат: „Од денес веќе не знам кој сум.“

Тоа се случува тивко. Постепено. Незабележливо.

Секојпат кога ќе премолчиш нешто што те боли. Секојпат кога ќе кажеш „не е ништо“ а во тебе врие. Секојпат кога ќе се прилагодиш само за да не бидеш отфрлен/а. Секојпат кога ќе ставиш туѓ мир пред својата вистина.

И со време… човек почнува да живее далеку од себе.

Многу луѓе уште од детството учат дека љубовта се заслужува. Преку:
– послушност,
– молчење,
– прилагодување,
– грижа за сите,
– избегнување конфликт,
– потиснување на сопствените емоции.

Некои деца растеле со родители кои биле емоционално недостапни. Некои растеле со критика. Некои со чувство дека мора да бидат „добри“ за да бидат сакани. Некои научиле дека ако покажат лутина, потреба или граница — ќе бидат одбиени.

И тогаш мозокот создава програма:

👉 „За да бидам сакан/а — морам да се оттурнам себеси.“

Оваа програма подоцна станува начин на живот.

Таквите луѓе често:
– премногу разбираат,
– премногу простуваат,
– премногу трпат,
– ги оправдуваат сите,
– се чувствуваат виновни кога мислат на себе.

Однадвор изгледаат „силни“. Но внатре… се уморни од постојаното носење на сите.

И тогаш доаѓа моментот на будење.

Можеби преку анксиозност. Можеби преку токсична врска. Можеби преку предавство. Можеби преку замор. Можеби преку чувство дека повеќе не можат вака.

И човек конечно почнува да се прашува:

👉 „А каде сум јас во целиот овој живот?“

Таму започнува трансформацијата.

Но тука многу луѓе се збунуваат.

Тие мислат дека кога ќе почнат да се сакаат себеси — сите ќе ги поддржат.

Не. Некои луѓе ќе се оттурнат.

И тоа е една од најболните фази на растот.

Зошто?

Затоа што некои односи биле изградени врз вашето самозанемарување.

Некој бил навикнат:
– секогаш да сте достапни,
– секогаш да попуштате,
– секогаш да молчите,
– секогаш да разбирате,
– секогаш да се враќате.

И кога првпат ќе кажете: „Ова не ми одговара.“, „Ова ме повредува.“, „Не можам повеќе вака.“, „И моите чувства се важни.“ — системот се менува.

Луѓето кои имале корист од старата верзија од вас, можеби нема да знаат како да ја прифатат новата.

И тогаш почнуваат да ве нарекуваат себични, ладни, променети, тешки, „не сте како порано“.

Но вистината е: не сте полоши. Само повеќе не се оттурнувате себеси.

Многу луѓе мешаат љубов со саможртва. Но љубовта не бара да се изгубите за некој друг да се чувствува удобно.

Вистинската љубов не бара:
– да молчите за да има мир,
– да трпите за да не ве остават,
– да се намалувате за другите да се чувствуваат поголеми.

Вистинската љубов може да преживее искреност. Може да преживее граници. Може да преживее „не“.

Сè што се распаѓа кога ќе почнете да се почитуватe, можеби никогаш не било стабилно.

И да… оваа промена знае да биде страшна.

Зошто?

Бидејќи нервниот систем е навикнат на старото. Луѓе кои цел живот живееле во people pleasing често чувствуваат: вина кога ќе постават граница, анксиозност кога ќе кажат „не“, страв дека ќе бидат напуштени, потреба веднаш да се оправдуваат.

Телото реагира како да правите нешто опасно. Но тоа не е опасност. Тоа е новина.

Вашиот нервен систем учи дека: може да бидете сакани и кога сте искрени.
Може да вредите и кога не се жртвувате. Може да останете добар човек и кога ќе се изберете себеси.

И тука започнува вистинската интеграција.

Не само да разберете интелектуално. Туку длабоко да почувствувате:

👉 „Не мора да се губам за да бидам сакан/а.“

Прашајте се искрено:

Колку пати сум премолчел/а нешто за да не бидам одбиен/а?
Каде во животот се оттурнувам себеси?
Дали љубовта за мене значи мир… или преживување?
– Дали сум сакан/а поради тоа што сум… или поради тоа што постојано давам?
– Што би направил/а кога навистина би верувал/а дека вредам?

И можеби најважното прашање:

👉 „Кој би бил/а јас… кога повеќе не би живеел/а за туѓо одобрување?“

Промената не започнува кога сите ќе ве разберат.

Промената започнува кога конечно ќе почнете да се слушате себеси.

„Кога ќе почнеш да се бираш себеси, некои луѓе ќе се оттурнат.

Не затоа што не вредиш, туку затоа што повеќе не се предаваш себеси за да бидеш прифатен/а.“

Scroll to Top