
Како на природен и ефикасен начин да го појачаме хормонот на среќа? Сите се трудат да бидат среќни. Тоа е најубавото чувство што го обзема умот и телото, мотивира, развива креативност и позитивно делува на другите луѓе. За среќа, потребно е да се запознаеме себеси, сопствените вредности и желби. Меѓутоа, многу се важни и сложените хемиски реакции кои се случуваат во нашиот организам. Тие пред сè се поттикнати од хормоните.
Во продолжение ќе ве запознаам со неколку начини кои ќе ви помогнат да го поттикнете лачењето на хормоните на среќа без конзумирање на суплементи.
1. Редовна физичка активност
При физичка активност се ослободува ендорфинот. Било кој начин на движење ги зголемува откуцаите на срцето и предизвикува позитивни мисли и емоции.
2. Здрава исхрана
Темното чоколадо со висока количина на какао предизвикува добро расположение. Рибата исто така го зголемува хормонот на среќа заради тоа што изобилува со омега-3 масни киселини. Одлични се и производите кои содржат триптофан, меѓу кои се издвојуваат јајца, млеко, месо од живина и чили.
3. Сексуална активност
Ендорфините, окситоцинот и допаминот се ослободуваат при сексуални активности.
4. Редовна медитација
Медитацијата во голема мера може да допринесе за појачување на нивото на хормонот на среќа и го појачува фокусот. Ослободува ендорфин, допамин, серотонин и мелатонин. Според бројни истражувања, луѓето кои имаат навика да медитираат многу често чувствуваат задоволство и среќа.
5. Хумор и смеа
Познато е дека смеењето е најдобар лек, затоа искористи ја секоја прилика да се смееш. Бројни студии покажале дека смеењето го намалува стресот и произведува серотонин, го поправа расположението и го јакне имунитетот.
6. Чести прошетки во природа
Нема лошо расположение кое природата, зеленилото и мирот не можат да го решат. Доволни се само 5 минути поминати во природа за да се зголеми твојата мотивација, среќа и задоволство.
7. Практикувајте благодарност
Благодарноста го активира системот на наградување во мозокот и ослободува хемикалии кои се задолжени за добро чувство. Препорачливо е да водиме дневник со благодарности.
8. Постигнување на цели
После секоја успешно постигната цел, системот за наградување во мозокот се активира и на тој начин се ослободува допаминот. Со самото тоа сме мотивирани за поставување и постигнување на нови цели.
9. Слушање музика
Музиката и пеењето ослободуваат окситоцин. Докажано е дека музиката намалува болка, опушта и го намалува нивото на стрес.
Сите овие методи можат да ви помогнат да го зголемите нивото на хормоните на среќа природно и ефективно. Започнете со малку промени во вашиот секојдневен живот и забележете како вашето расположение се подобрува!